Haydar Hadi
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
МОСУЛ (АА) - За време на акцијата насочена против терористичката организација ДЕАШ во западниот ирачки Мосул извршена е првата евакуација на 1.508 цивили, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот министер за миграции и мигранти Jaсим Ал Jаф изјави дека силите кои работат во оваа Министерство евакуирале 1.508 луѓе кои членовите на ДЕАШ ги користеле како жив штит.
Евакуацијата беше спроведена во областа на ел Мемума во западниот дел на Мосул. Jаф рече дека ова е првата група на цивили, кои беа евакуирани од западот на овој ирачки град.
Евакуираното население според него, е сместено во камповите во јужниот дел на Мосул.
Евакуацијата на жителите на Мосул, од страна на коалициските сили со воздухопловна поддршка, започна кон крајот на минатата недела.