Selen Temizer,Mohamad Misto,Bayram Altuğ
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ЖЕНЕВА (AA) - Стефан Де Мистура, специјалниот пратеник на ОН за Сирија, изјави дека од режимот на Асад и од опозицијата барам да му ги пренесат своите ставови за прашањата како што се преодната управа во Сирија, подготовка на новиот Устав и за изборниот процес, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на вториот ден од четвртата рунда од преговорите во Женева, која се одржува со цел решавање на сириската криза, де Мистура одржа одделни состаноци со делегациите на режимот и опозицијата.
Насир ел-Харири, шефот на преговарачкиот тим, во име на делегацијата на сириската опозиција во Женева, изјави дека состанокот со Мисутра поминал многу позитивно, додавајќи дека специјалниот пратеник на ОН за СИрија, во таа прилика ги претставил своите идеи и предлози за преодна власт.
„Де Мистура имаше многу попозитивен став, од претходно", рече ел Харири, додавајќи дека сеуште не постојат конкретни чекори или мерки во врска со преодната власт во Сирија.
Со одделни состаноци на делегациите на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад и сириската опозиција со де Мистура во Женева во четврток започна четвртата рунда на мировните преговори со цел решавање на сириската криза.
Де Мистура првин се состана со делегацијата на сирискиот режим која ја предводи постојаниот амбасадор на таа земја во Он, Башар Јафери, а по получасовниот разговор зад затворени врати на ист начин се состана и со преговарачката делегација на сириската опозиција.
Делегацијата на сириската опозиција на состанокот ја предводеа шефот на тимот Насир Харири, заменик на претседателот на Врховниот преговарачки совет Јахја Кадамани и главниот преговарач Мухамед Сабра.
Посредник во преговорите, Де Мистура, претходно изјави дека рамката за преговорите ќе биде резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која предвидува прекин на судирите, завршување на окупацијата на градовите, доставување на хуманитарната помош, воспоставување на транзициска власт, изработка на Устав и подготовки на изборен процес во Сирија.