Hakan Çopur
25 Февруари 2017•Ажурирај: 26 Февруари 2017
ВАШИНГТОН (АА) – Мухамед Али Џуниор (44), синот на легендарниот боксер Мухамед Али, се дознава дека бил притворен во аеродромот Форт Лодердејл и дека 2 часа бил на испрашување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на весникот „Њу Тајмс Мајами" адвокатот на семејството Крис Мансини, изјавил дека Мухамед Али Џуниор, синот на Мухамед Али, бил притворен во аеродромот Форт Лодердејл во Мајами на 7-ми февруари деодека се враќал од Јамајка заедно со неговата мајка.
Според истата вест, Калилах Камачо-Али, мајката на Мухамед Али Џуниор, ја поминала граница покажувајќи и и една слика со нејзиниот сопруг. Меѓутоа, истиот службеник, два пати го прашал синот на боксерот „дали си муслиман“ и потоа не му дозволил да помине, и покрај тоа што за него било утврдено дека нема ниедно кривично дело и дека е американски државјанин.
- „Како го доби името“
Пренесено е дека синот на Мухамед Али, кој чекал околу половина час на шалтер, неколку пати му биле поставени прашањата „како го доби името“ и „дали си муслиман“, додека после тие прашања службеникот го однел Мухамед Али Џуниор во една мала соба, каде што му биле поставени слични прашања од страна на друг службеник.
Оценувајќи го третманон на кој што бил изложен Мухамед Али Џуниор, алудирајќи и на визната забрана на новата влада воведена за 7 муслимански земји на 27 јануари, семејниот адвокат Мансини рече дека „ова е навреда“.
„Во оваа земја, ние не ги дискриминираме луѓето според нивните религиозни верувања“, рече Мансини кој додаде дека Мухамед Али Џуниор успеал да влезе во земјата по неговото двочасовно чекање и испрашување.
Царинските службеници не одговорија на прашањата на американските медиуми околу оваа тема со образложение за зачувуање на приватноста на патниците.
Декретот, којшто воведуваше тримесечна визна забрана на 7 земји каде што мнозинството на популацијата се муслимани, потпишан од страна на претседателот на САД Доналд Трамп, беше одбиен од страна на еден федерален судија. Меѓутоа, често се споменува дека патниците заглавуваат во долги царински процедури, а особено муслиманите, во последните недели по аеродромите во САД.
Легендарниот американски боксер Мухамед Али, поранешен шампион во тешка категорија, почина на 3.06.2016 година во Аризона.