Büşra Selvi Öğütcen
25 Февруари 2017•Ажурирај: 25 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Министерот за надворешни работи на Мексико Видегарај, предупреди дека ќе одговорат на потегот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој порано имаше најавено дека за финансирањето на изградбата на ѕидот ќе воведе еднострани даноци, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена на Би-Би-Си, во едно интервју дадено за радио, Видегарај се изјасни околу понудата на Трамп за финансирање на ѕидот преку воведување на даноци на производите коишто се увезуваат од Мексико.
Видегарај изјави дека владата на Мексико може да воведе даноци на производите на САД коишто се увезуваат во Мексико.
Истакнувајќи дека неговата земја верува во слободна трговија, Видегарај пренесе дека ќе мора да се одговори на обидот на САД, за финансирање на ѕидот преку воведување на даноци на производите коишто се увезуваат од Мексико.
Видегарај појасни дека неговата изјава не треба да се перцепира како празна закана, и истакна дека Мексико мора да се соочи со таа реалност.
Владата на САД, имаше најавено дека следниот месец ќе ги прими проектите за изгледот на ѕидот.
Престедателот на САД Доналд Трамп, само 5 дена по неговото доаѓање на својата позиција, потпиша декрет, кој предвидува изградба на ѕид на границата со Мексико со цел „спречување на илегалната имиграција“ и „зголемување на безбедноста на границата“.
Околу буџетот за финансирање на ѕидот, Трамп првенствено рече дека ќе биде исплатено од страна на федералната Влада, кој потоа истакна дека овие трошоци ќе ги сноси Владата на Мексико.
Претседателот на Мексико Енрике Пења Нието, на неколку наврати истакна дека Мексико нема да го финансира градењето на ѕидот.