Amina Zorniç
13 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
ОРЛАНДО (АА) - Граѓаните на Соединетите Американски Држави им оддаваат почит на жртвите убиени во вооружениот напад вчера во клуб во градот Орландо, Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Државните знамиња во Орландо денес се спуштени на половина копје, а на сила сè уште е вонредната состојба воведена од вчера.
По пукањето што се случи во клубот Пулс, познат по собирите на лица со хомосексуална ориентација, напаѓачот зеде заложници. Откако голем број на полициски возила пристигнаа на местото на настанот, пронајдени се 50 убиени лица и 53 повредени. Напаѓачот е идентификуван како Омар Mатен, државјанин на САД кој беше убиен во престрелка со полицијата.
Ова е вооружен напад кој се смета за еден од најголемите што некогаш се случиле на американска почва.
Во чест на синоќешните жртви, во Њујорк беа исклучени светлата во комплексот на зградата Empire State Building, а стотици жители на Орландо остава цвеќе и палеа свеќи за загинатите.