Zehra Ulucak
17 Мај 2017•Ажурирај: 18 Мај 2017
ЧИКАГО (АА) - Најмалку две лица го загубија животот во торнадото што ги зафати сојузните држави Оклахома и Висконсин во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Од центарот за вонредни состојби во Висконсин се вели дека загинало едно лице кое се наоѓало во приколка во близина на градот Четек. Повредени се 25 лица, но нема информации за нивната здравствена состојба.
Шерифот на округот Барон, Крис Фицџералд, изјави дека е уништена населбата со приколки во тоа подрачје.
„Досега смртно настрада едно лице, а во тек е акцијата за потрага и спасување“, истакна Фицџералд.
Камерите на телевизиските канали WCCO (ВЦЦО) и KARE (КАРЕ) го снимаа подрачјето погодено од торнадото. Она што може да се забележи е големата материјална штета што ја предизвика невремето.
Уште едно лице го загуби животот во подрачјето на Елк Сити во Оклахома.
Пожарникарот Дени Рингер потврди дека на подрачјето на Оклахома смртно настрадало едно лице и причинета е материјална штета на 40 куќи. Според неговите зборови, уништени се околу 70 куќи