Yunus Kaymaz
12 Мај 2023•Ажурирај: 17 Мај 2023
ЛОНДОН (АА) - Норвешкиот фудбалски ас и фудбалер на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во изборот на Англиската асоцијација на фудбалски новинари (FWA), а титулата за најдобра фудбалерка ја доби напаѓачката од лондонски Челси, Сем Кер, пренесува Анадолу.
Во соопштението на Асоцијацијата се вели дека 22-годишниот Халанд ја добил наградата со 82 отсто од гласовите.
Тој дојде до ласкавата титула пред конкурентите Букајо Сака и Мартин Одегард од Арсенал.
Постигнувајќи 35 гола во Премиер лигата, Халанд го собори рекордот по бројот на постигнати голови во една сезона. Во сите натпревари оваа сезона постигна 51 гол.