Ayşe Aktaş
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
САН ХУАН (AA) – Во налетот на ураганот Марија, кој го погоди Порторико кон крајот на септември, досега настрадаа 34 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело, по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бројот на страданите се зголемил од 16 на 34.
Тој потсети дека ураганот што на 20 септември достигна брзина и од 250 километри на час, во Порторико предизвика штета од 90 милијарди долари.
Росело изјави дека 95 отсто од електродистрибуциските мрежи сѐ уште не се во функција, а се надеваат дека до крајот на месецот околу 25 отсто би произведувале електрична енергија.
Трамп вчера го посети подрачјето и им честиташе на општините во Порторико за преземените мерки, и потсети дека во налетот на ураганот Катрина што во 2005 го погоди Њу Орлеанс, загинале 1.833 лица.