Ömer Yetkin Acar
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
САО ПАОЛО (АА) - Бразилската полиција приведе 16 лица кои ископале тунел долг 500 метри со цел во Сао Паоло да ја ограбат експозитурата на Бразилската банка, најголемата банка во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Канцеларија за кривични истраги во Сао Паоло (DEIC), Фабио Пинеиро Лопез, соопшти дека веќе 3 месеци е следена криминалната банда која го планирала грабежот и за тие потреби изнајмила куќа на 500 метри од експозитурата на банката.
Лопез истакна дека откако забележале дека тунелот е завршен, била спроведена полициска операција. „Во банката има околу 1 милијарда бразилски реали (околу 317 милиони долари). Доколку беше успешен, тоа ќе беше најголемиот грабеж на светот“, изјави Лопез.
За дрвени и метални држачи и за осветлување на тунелот, членовите на бандата потрошиле околу 4 милиони бразилски реали (околу 1,3 милиони долари).
За време на истрагата, откако членовите на криминалната банда биле изведени пред суд и им е изречен притвор, откриено дека дел од нив во 2005 година учествувале во грабежот на Централната банка во Форталеза, во сојузната држава Сеара, кога бил ископан тунел долг 75 метри, а притоа биле украдени 70 милиони долари.