Bilgin S. Şaşmaz
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - На неколку локации во Лас Вегас, каде што во неделата вечер беше извршен оружен напад, организирана е програма во знак на сеќавање на жртвите, јавува Anadolu Agency (AA).
Лас Вегас, кој е еден од најзначајните туристички дестинации во светот, сè уште е во шок.
На местото на нападот Федералното истражно биро (ФБИ) сѐ уште утврдува детали од најкрвавата пукотница во историјата на Соединетите Американски Држави (САД).
Во градот и понатаму се преземаат високи безбедносни мерки кои траат цел ден, а на неколку локации граѓаните и туристите им одадоа почест на жртвите.
Најголемата програма од овој тип се одржа во Паркот Маунтејн Крест, 30 километри од центарот на градот. Стотици луѓе упатија молитва за душите на 59 убиени. За секоја жртва беше запалена свеќа, а болката на присутните не се намалуваше.
Наместо светлечките реклами на хотелите во центарот на градот, овој пат истакнати се пораки поврзани со нападот.
Американецот Стефан Паддок (64), во неделата вечер отвори оган од 32. кат на хотелот Мендeлeј Беј, при што усмрти најмалку 59 лица, додека најмалку 527 лица беа ранети.