Şenhan Bolelli
03 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Учесниците на протестите организирани на повик на работничките синидикати, поддржувачите на независноста на Каталонија, мали и средни претпријатија и невладини огранизации, кои денеска се придружија во генералниот штрајк, како цел ги имаа шпанската влада, национална полиција и жандармерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанската Влада го прогласи за незаконски референдумот закажан за 1. октомври и се обиде со полициски притисок да го спречи, при што настанаа судири меѓу групите поддржувачи на независноста на автономната покраина и полицијата и жандармеријата.
Каталонските демонстранти на почетокот од протестот запреа пред зградата на Народната партија (PP) и на Дирекцијата на полициската управа. Демонстрантите насобрани во центарот на градот извикуваа слогани против шпанската Влада и полицијата.
Тие поделени во помали групи, блокираа 51 автопат, а се дознава дека на некои места се формирале долги колони од возила.
Штрајкот негативно влијаеше на транспортот, образованието, здравството и на прехранбениот сектор, додека приватниот сектор, и покрај штрајкот, продолжи со работа. Автомобилската компанија „Seat“ (Сеат), која е една од фирмите со најголем број вработени, беше предводник на компаниите кои не зедоа учество во протестите. Немаше застој ниту во летовите на аеродромот „El Prat“ (Ел Прат) во Барселона.
Од друга страна, во врска со штрајкот, една радиостаница објави дека портпаролот на парламентарната група на Народната партија, Рафаел Хернандо, за штрајкот изјави: „Овој штрајк е нацистички политички акт“.
- Во Каталонија започнаа протести против шпанската полиција
Некои каталонски демонстранти предизвикаа контроверзии, обидувајќи се да ги избркаат шпанските полицајци од хотелите во коишто престојуваат.
Шпанската Влада остро реагираше на вестите дека од хотелот во местото Пинеда дел Мар, во кој биле сместени дел од дополнителните сили на полицијата и жандармеријата, со наредба на шпанското Министерство за внатрешни работи испратени во Каталонија, имало обид со помош на претставниците на општината да бидат отстранети од хотелот.
На изјавата на општината Пинеда дел Мар: „Или националната полиција ќе ја отстраните од тука, или ние ќе го затвориме местото“, реагираше заменик-премиерот на шпанската Влада, Сораја Саенц де Сантамариа, кој изјави: „Нема да дозволиме каталонските општини да се однесуваат како мафија“.
Министерот за внатрешни работи, Жозе Игнацио Зоидо, изјави: „Нiту еден полицаец и припадник на жандармеријата нема да ги напушти хотелите во Каталонија. Постои договор со хотелите“.