İdris Okuducu
03 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
ЕРБИЛ (АА) - Поранешниот претседател а Ирак, а воедно и генералниот секретар на Патриотската унија на Курдистан, Џалал Талабани, почина во Германија каде престојуваше поради лекување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста на интернет страницата на Патриотската унија на Курдистан, Пукмедиа, поранешниот претседател на Ирак Талабани почина во германскиот град, Берлин, каде престојуваше поради лекување.
Од друга страна, сеуште не е дадена некоја изјава околу смртта на Талабани од страна на неговото семејство, ниту од надлежните органи.