Ekip
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ЛАС ВЕГАС (АА) - Марил Денли, партнерка на напаѓачот од Лас Вегас, кој во неделата вечерта пукаше и уби 59 лица, пристигна од Филипините во Лос Анџелес, каде што на аеродромот ја пречекаа агенти на американското Федерално биро за истраги (ФБИ), кои сакаат да дознаат дали таа знае нешто за мотивот на нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Денли доцна синоќа по локално време пристигна во Лос Анџелес. Американската полиција смета дека таа може да даде информации во врска со напаѓачот, нејзиниот партнер Стивен Падок (64) од Невада, кој пукаше во публиката на фестивалот за кантри музика кај хотелот „Мандалеј беј“.
Падок го изврши нападот пукајќи во публиката на фестивалот „Route 91 Harvest“ од неговата соба на 32. кат на хотелот. Станува збор за еден од најкрвавите напади со огнено оружје во американската историја, при што загинаа 59 лица, а најмалку 527 се повредени. Лекарите соопштија дека 31 од ранетите се во критична состојба.