Onur Usta
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
АНТАНАНАРИВО (АА) - Бројот на загинатите во епидемијата на чума на Мадагаскар се искачи на 28 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Министерството за здравство на Мадагаскар се наведува дека во епидемија на чума којашто се појави во август, починале 28 лица од 150 заболени.
Според ова соопштение, во главниот град на земјата, Антананариво, зголемени се мерките за контрола, особено на аеродромите и на станиците за јавен транспорт, со цел да се регистрираат сомнителните случаи.
Министерствотото на 2 октомври соопшти дека починале 26 лица од вкупно 145 заболени.
Меѓу починатите е и тренерот на женската кошаркарска репрезентација на Сејшелите, Аликс Алисоп, кој во земјата пристигна за да учествува на натпревар.
Во училиштата, кои ќе бидат затворени една недела поради епидемијата, се работи на дезинфекција на просториите.
Министерството за здравство во Антананариво оформи медицински центар во којшто бесплатно се лечат заболените од чума.
Едни од основните симптоми на чумата се висока температура, замор и кашлица.