Muhammet Nazım Taşcı,Zuhal Demirci
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
АНКАРА
Од почетокот на падемијата на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени 15.947.644 луѓе, а се опоравија 9.743.602 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Интернет страницата „Worldometer“ го објавува ажурираниот преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на заразувањето со Ковид-19 починале 642.829 лица.
Во светот моментално има 5 561.213 активно заразени лица, од кои 66.262 се потешко заболени.
Од пандемијата на Ковид-19 најтешко се погодени САД со 4.248.492 заразени лица и 148.492 починати. Следува Бразил со 2.348.200 заразени и 85.385 починати.