Admir Fazlagic
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 137 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), а починати се 9 лица. Со ова вкупната бројка на заразени лица со Ковид-19 во земјата се искачи на 9.934, а бројката на смртните случаи се искачи на 460, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство објавено на социјалните мрежи, починати се 9 лица, од кои тројца пациенти се од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројката на оздравени пациенти од овој вирус, во земјата, се искачи на 5.357.
Во последните 24 часа во Северна Македонија се направени 1542 тестирања на Ковид-19, а досега направени се вкупно 94092 тестирања на овој вирус.