Betül Yürük
25 Јули 2020•Ажурирај: 26 Јули 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) како последица на Ковид-19 починаа 1.166 лица, односно досега вкупно 148.530, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со најмногу заразени и починати од вирусот Ковид-19.
Податоците на „Worldometer“, интернет страницата на која се достапни информации за епидемиолошката состојба во светот, покажуваат дека во последните 24 часа бројот на заразени е поголем за 79.824. Во САД со Ковид-19 досега се заразени 4.251.202 лица.
Во последните 24 часа како последица на вирусот починаа 1.166 лица, односно вкупно од почетокот на епидемијата во земјата 148.530.
Во сојузните држави Флорида, Тексас и Калифорнија евидентираните случаи со Ковид-19 продолжуваат да растат.
Во САД досега се извршени повеќе од 52,5 милиони тестирања за Ковид-19, додека бројот на оздравени надмина 2 милиони.
Што се однесува до земјите во светот со најголем број на случаи по САД следуваат Бразил со 2.348.200 откриени случаи и Индија со 1.362.262 откриени случаи.