Sayed Khodaiberdi Sadat
25 Јули 2020•Ажурирај: 25 Јули 2020
КАБУЛ
Советот за национална безбедност на Авганистан соопшти дека 46 цивили загинале во нападите на Талибанците извршени во една недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на авганистанскиот Совет за национална безбедност, Џавид Фајсал, во изјава за медиумите истакна дека во последната недела талибанските милитанти извршиле 401 напад.
Фајсал информира дека во овие напади загинале 46 цивили, додека 93 цивили биле повредени.
Тој нагласи дека цивилните загубе се регистрирани претежно во покраините Хелманд, Багдис и Гор.
Според него, Талибанците преку вакви напади се движат индиферентно во насока на исполнување на ветувањата дадени на авганистанскиот народ.
Талибанците сеуште не дадоа изјава околу ова прашање.