Emel Gözellik
31 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) - Бројот на починати како последица на коронавирусот (Ковид-19) во светот надмина 370.000, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Податоците од веб-страницата „Worldometer“, на која се достапни најновите податоци во врска со епидемиолошката ситуација во светот предизвикана од коронавирусот, покажуваат дека од коронавирусот досега во светот починале 370.413 лица.
Според истиот извор, бројот на заразени достигнал 6.144.980.
Најголем број смртни случаи се регистрирани во Соединетите Американски Држави (САД), вкупно 105.529.
Следуваат Велика Британија со 38.376, Италија со 33.340, Франција со 28.771, Бразил со 28.834 и Шпанија со 27.125 смртни случаи поврзани со Ковид-19.
Новиот вид коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, а кратко потоа беше прогласена и глобална пандемија.
Досега во светот од овој тип вирус се излекуваа 2.726.918 лица, додека на лекување се 3.047.649 лица.