Övünç Kutlu
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ЊУЈОРК (АА) - Интернет-компанијата „Yahoo“ (Јаху) соопшти дека се украдени сметките на сите три милијарди корисници од страна на компјутерски хакери, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако „Yahoo“ беше продаден на американската телекомуникациска компанија „Verizon“ (Веризон), стана дел од компанијата „Oath“ (Оут), една од поткомпаниите на „Verizon“. Како што се соопштува, сите три милијарди кориснички сметки се погодени од кибер-нападот во 2013 година.
Во соопштението објавено на интернет-страницата на „Oath“ се вели дека во декември 2016 година е забележано оти околу една милијарда кориснички сметки на „Yahoo“ биле цел на кражба на податоците. Исто така, се истакнува дека со новите истражувања е утврдено дека сите кориснички сметки биле оштетени во хакерскиот напад.
Според ова соопштение, сите три милијарди кориснички сметки на „Yahoo“ биле изложени на кибер-напад во август 2013 година.
- Не се украдени податоците на кредитните картички и на банкарските сметки
Во ова соопштение се наведува дека комјутерските хакери не биле во можност да ги украдат податоците на кредитните картички и на банкарските сметки.
Во август оваа година, „Yahoo“ го продаде најголемиот дел од своите бизниси на „Verizon“ за 4,48 милијарди долари, освен 15-те отсто акции во „Alibaba Group“ и акциите од 36 отсто во „Yahoo Japan“, кои сега се нарекуваат „Altaba Inc.“