Emre Aytekin
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
ВАШИНГТОН (AA) – Хакерите изведоа кибер напад и презедоа контрола над интернет порталите на властите во сојузната американска држава Охајо и на тие страници објавија пропагандни пораки на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Телевизијата CNN International јавува дека група хакери со коден назив “Team System DZ“ ја презеде контролата над неколку интернет страници и портали на властите во Охајо, а меѓу страниците е и службената страница на гувернерот Џон Кисич.
Нападот се случи синоќа, а посетителите на интернет страницата со домејн “ohio.gov“ можеа да го видат логото на ДЕАШ и пораката во која пишува дека американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот народ ќе „платат" за секоја проливена капка крв во муслиманските земји
Со пофални пораки за терористите на ДЕАШ, хакерите во позадина на окупираните интернет страници пуштиле и звук на езан.
Мењѓу нападнатите интернет страници е и онаа на гувернеровата сопругата Карен Кисич, но и службената страница на Казнено-поправниот дом во Охајо.
Функционерот Том Хојт соопшти дека техничкиот персонал работи на решавање на кризата предизвикана од кибер нападот, а дека надлежните органи спроведуваат истрага за да откријат и да ги фатат одговорните за нападот.
Министерот за финансии во Охајо Џош Мандел со посредство на социјалните мрежи ги повика Американците да се „разбудат" и да спречат ширење на радикалниот ислам во Америка.