свет

СНХР: „Коалицијата поддржана од САД уби 2.832 цивили во Сирија“

Сириската мрежа за човекови права објави специјален извештај по повод 4. годишнина од почетокот на интервенцијата на силите на коалицијата за борба против ДЕАШ, под водство на САД

Adham Kako  | 23.09.2018 - Обновена : 24.09.2018
СНХР: „Коалицијата поддржана од САД уби 2.832 цивили во Сирија“

Ankara

АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (СНХР) соопшти дека во нападите извршени од страна на силите на меѓународната коалиција за борба против терористичката организација ДЕАШ, под водство на САД, која пред четири години ја започна воената интервенција во Сирија, досега се убиени вкупно 2.832 цивили, пренесува Anadolu Agency (AA).

Сириската мрежа за човекови права објави специјален извештај по повод 4. годишнина од почетокот на интервенцијата на силите на коалицијата за борба против ДЕАШ, под водство на САД, во кој се наведува дека во нападите извршени од 23 септември 2014 година, досега, од страна на коалициските сили животот го загубија вкупно 2.832 цивили, од кои 861 дете и 617 жени.

Според овој извештај, како резултат на воената интервенција на силите на оваа коалиција под водство на САД, во првата година загинаа 249 цивили, во втората 398, во третата 1.753, додека во четвртата година загинаа 432 цивили.

Во периодот на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, убиени се 1.856 цивили во Сирија, додека во периодот на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, убиени биле 976 цивили.

Во извештајот се наведува дека силите на оваа коалиција кои ѝ даваат поддршка на терористичката организација ЈПД/ПКК во Сирија, во рамки на последните четири години најмногу цивили убија во Рака.

Според тоа, во рамки на нападите на оваа коалиција во Рака, животот го загубија 1.133 цивили, во Алепо 782, во Деир ез-Зор 447, во Хасека 218, во Идлиб 126, во Хомс 121, и во Дера 6 цивили.

- Коалициските сили извршија најмалку 156 масакри -

Во извештајот случаите во кои животот го губат најмалку 5 лица, се нарекуваат масакр, па според тоа, коалициските сили досега извршиле најмалку 156 масакри, од кои 8 се извршени во првата година, 11 во втората, 110 во третата и 27 во четвртата година. Од овие масакри, 99 се извршени во Рака, 26 во Деир ез-Зор, 15 во Хасека, 12 во Алепо, и 4 во Идлиб.

Според овој извештај, цивилните населени места биле дел од напади на коалицијата за борба против ДЕАШ, извршени од 23 септември 2014 година досега. Се вели дека цивилните населени места во Сирија биле изложени на најмалку 170 бомбардирања на коалицијата, од кои населените места во Рака биле изложени на 108 бомбардирања, во Алепо на 7, и во Хасека на 6 бомбардирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın