Fuat Kabakçı
04 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина се прославува Месечевиот празник кој уште се нарекува и Празник на средината на есента, а се одбележува 15. ден од осмиот лунарен календар, кога месечината е полна и е симбол на крајот на жетвата, јавува Anadolu Agency (AA).
Во земјата владее празнично расположение, додека парковите и плоштадите во Пекинг се преполни со домашни и странски посетители.
Во согласност со духот на празникот, многу семејства во градовите прават Месечеви колачи, а во селата се прават слична солена верзија. Секој регион има специфичен начин за правење на ова јадење, кое за време на празникот може да се најде во продавниците за слатки.
Според верувањето во Кина, полната месечина е симболот на единството, интегритетот и мирот.
Пинг Миао Миао за АА вели дека празникот што во земјата трае една недела се поминува дома со семејството и пријателите.
Во земјата, милиони луѓе ги користат сите видови на превоз за да ги посетат своите роднини и пријатели, поради што ширум Кина е регистрирано и отежнато одвивање на сообраќајот.