Mohamad Misto
16 Јуни 2017•Ажурирај: 17 Јуни 2017
ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) продолжуват со давањето воена поддршка на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, под плаштот на наводната борба против терористите на ДЕАШ. Заедно со денешната пратка, во последните 10 години на терористичките елементи во северниот дел на Рака им се испорачани 130 камиони со вооружување и муниција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на новинар на АА од Хасеке, утринава преку границата со Ирак, во Хасеке влезе конвој од 50 камиони, кои превезуваат оклопни возила и муниција.
Освен тоа, во регионот под контрола на терористите на ПЈД/ПКК, на 5. јуни стигнаа 60 камиони, а на 12 јуни 20 камиони натоварени со оружје.
Откако претседателот на САД, Доналд Трамп, ја потпиша уредбата за политиката на вооружување на терористичката организација ПЈД/ПКК, од 15. мај па наваму, во седум одделни пратки, во регионот стигнаа 348 камиони вооружување.
Според податоците на американското Министерство за одбрана, до кои дојде новинар на АА, на листата на вооружување што ќе биде испорачано за ПЈД/ПКК се наоѓаат 12.000 парчиња „калашников“, 9.500 автоматски пушки, 3.000 парчиња RPG-7 од американско производство, 1.000 парчиња американско AT-7 или противтенковски SPG-9 од руско производство. Тука се, исто така, и други видови на вооружување.