Fatma Esma Arslan
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Приврзаници на терористичката организација ПЈД/ПКК во новиот обид за оцрнување на операцијата ‘Маслинова гранка’ која ја започнаа турските вооружени сили (ТСК) во Сирија, монтираа фотографија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи, профилите блиски до терористичката организација објавија лажни тврдења дека „Турција ѝ дава поддршка на ДЕАШ“, текст кој е проследен со монтирана фотографија.
На фотографијата, приврзаниците на терористите се обиделе една туркменска опозициска група да ја прикажат како милитанти на ДЕАШ, а под турското знаме монтирале фотографија од претседателот на Турција, Ердоган.

Но, спроведувајќи истражување, утврдено е дека станува збор за фотографија од 2. октомври 2015 година. Фотографијата е изработена откако една невладина организација од Турција доставила помош за туркменска бригада Султан Абдулхамид во регионот на Бајир Буџак, недалеку од Латакија.
Приврзаниците на терористичката ПЈД/ПКК, оваа фотографија ја постираа со лажна информација дека „Турција и нејзиниот претседател Ердоган ги поддржуваат терористите на ДЕАШ“.
Симпатизерите на ПЈД/ПКК претходно на своите профили на социјалните мрежи употребија и фотографија на АА од стратешки важната планина Бурсеја. Оваа фотографија стана симбол на операцијата „Маслинова гранка“, но приврзаниците на терористите ја користеа за пласирање невистини, поставувајќи на фотографијата еден од симболите на ДЕАШ.