Erdal Türkoğlu
28 Јануари 2018•Ажурирај: 29 Јануари 2018
ХАТАЈ (АА) - Ракетата лансирана од Африн, кој е под окупација на терористичката организација ПЈД/ПКК во Сирија, падна во ѕид од двор на куќа во подрачјето на Рејханли во турската област Хатај, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на ПЈД/ПКК лансираа ракета од Африн, каде што во тек е операцијата „Маслинова гранка“ на Турските вооружени сили (ТСК), која падна врз ѕидот на дворот од куќа во подрачјето на Рејханли.
Ккао последица на експлозијата неколку околни куќи се оштетени.
Според првичните сознанија, во нападот нема повредени, додека на местото на настанот се упатија голем број припадници на безбедносните сили и противпожарни возила.