Ekipa
15 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Корпорацијата „Јаху“ во средата објави дека била цел на најголемиот хакерски напад во кој биле оштетени дури милијарда кориснички профили, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот објавен во средата, „Јаху“ соопшти дека нападот во кој беа оштетени милијарда корисници се случи во август 2013 година.
Најновиот напад се случи три месеци откако компанијата најави дека во хакерскиот напад во 2014 година биле оштетени околу 500 милиони корисници, што дотогаш беше најлошиот напад.
Корпорацијата „Јаху“ верува дека овие два случаја не се директно поврзани.
Украдените кориснички податоци содржат имиња, е-мејл адреси, телефонски броеви, датуми на раѓање, лозинки и безбедносни прашања и одговори на тие прашања. Компанијата тврди дека информациите за кредитните картички или банкарските сметки не се украдени, бидејќи тие не се пронадени во системот што беше пробиен.
Овој хакерски напад може да биде голем удар за компанијата, која во јули објави дека го продава деловниот капитал на американската телекомуникациска компанија „Веризон“ за 4,8 милијарди долари.