Ali Murat Alhas
04 Јули 2020•Ажурирај: 06 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на лица кои го победија вирусот Ковид-19 во светот надмина 6 милиони, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците, до денес во светот има повеќе од 11,1 милиони потврдени случаи на вирусот, додека бројот на починати изнесува над 526.000.
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, вирусот се рашири во речиси 200 земји и региони во светот. Меѓу најтешко погодените земји се САД, Бразил, Русија и Индија.