Andelija Stojkovic
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа во Србија се потврдени уште 325 случаи на коронавирусот од 7.434 тестирани лица, додека осум лица починаа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според официјалната веб-страница covid19.rs, активни се 2.347 случаи, а на респиратор се наоѓаат 86 лица.
Од почетокот на епидемијата починаа 306 лица, а процентот на смртност изнесува 1,93 отсто.
Од почетокот на епидемијата во Србија регистрирани се вкупно 15.829 лица заразени со коронавирусот, а тестирани се 434.415 лица.
Како што беше кажано денес, од понеделник, во белградската „Штарк Арена“, се отвора нова привремена болница за вирусот Ковид-19 која ќе има 500 болнички кревети, а од вторник, Клиниката за ортопедија во Бањица ќе биде вратена во Ковид-системот.