Daniel Gallego
10 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Морнарицата блиска до либиската Влада на национално единство спаси 135 мигранти од гумен чамец, кој почнал да тоне во Средоземното Море, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на либиските поморски сили, адмиралот Ејуп Касим, соопшти дека тимови на морнаричката крајбрежна стража недалеку од брегот во Сабарат интервенирале кога забележале дека тоне гумен чамец во кој се наоѓале 135 мигранти.
Станува збор за мигранти од различни африкански земји, кои илегално запловиле кон Европа, а меѓу нив имало 18 жени и две деца.