Büşra Selvi Öğütcen
09 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
АНКАРА (АА) - Слон уби 14 лица на подрачјето на индиските покраини Џарканд и Бихар, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на индискиот „Times“ (Тајмс), слонот во Бихар усмрти четворица, а во Џарканд десет лица кои припаѓале на племето Пахарија.
Последната жртва на овој слон, 25-годишниот Раџ Пахариј, бил убиен додека се враќал од маркет дома. Неговата сопруга Мангли Пахарин изјави дека членовите на шумската управа не направиле ништо конкретно за да го пронајдат слонот кој со месеци ги убива жителите на овие места.
Таа истакна дека селаните стравуваат за своите животи и дека куќите ќе им бидат срушени. M.K. Синх, официјален претставик на шумската управа, најави дека на теренот ќе излезат пет лица, меѓу кои ловец и скротувач на слонови.
Планот е, како што изјави, да го смират слонот, меѓутоа доколку не успеат во тоа, ќе мора да бараат дозвола за негово убивање.
Синх порача дека се презелмени сите мерки за да го заштитат слонот.
Жителите дежураат со цел да го спречат понатамошното убивање или рушење на станбените објекти. Во последните десет години слоновите предизвикаа смрт на 589 лица во Џарканд.