Şerife Çetin
09 Август 2017•Ажурирај: 09 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Холандските експерти во ноември 2016 година установија дека во јајцата има инсектицид, но за тоа не ги информирале европските сојузници, изјави министерот за земјоделство на Белгија, Дени Дуркарме, јавува Anadolu Agency (AA).
Дуркарме се обрати во Федералниот парламент на Белгија и рече дека Агенцијата за храна на таа земја дојде до официјални документи оти Холандија во ноември открила инсектицид во кокошкините јајца.
Министерот истакна дека холандските власти не дале никакво официјално известување.
Од друга страна, белгиските власти се обвинети дека до 20 јули не ја известиле Европската комисија за инсектицидот, и покрај тоа што во јајцата е пронајден во јуни.
Агенцијата за храна на Белгија ја потврди информацијата, но избегнува да даде повеќе информации, тврдејќи дека ја штити доверливоста на истрагата.
Кризата би можела да се прошири и на земјите кои увезуваат јајца од трите земји, Шведска, Швајцарија, Франција и Велика Британија.