Ekipa
09 Август 2017•Ажурирај: 10 Август 2017
ДУБАИ (АА) - Катар ги укина визите за посетителите од 80 земји, за да ги ублажи последиците на блокадата од четирите арапски земји и се подготви да биде домаќин на Светското првенство во фудбал 2022 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новата политика којашто денес ја објавија и „Qatar Airways“ (Катар ервејс) и катарската власт, граѓаните од 33, воглавно европски земји, ќе можат во Катар да влезат без визи на 90 дена еднаш или повеќепати за половина година.
Американците, Британците, Канаѓаните и граѓаните на уште 44 земји ќе можат без визи да влезат 30 дена еднаш или повеќепати, со можност за продолжување на визата за уште 30 дена.
Економијата на енергетски богатиот Катар е погодена од изолацијата од страна на Саудиска Арабија, ОАЕ, Египет и Бахреин. Пред два месеца, споменатите земји ги прекинаа дипломатските и сообраќајните визи за Катар обвинувајќи ја земјата дека ги поддржува екстремистите. Официјална Доха ги отфрли таквите обвиненија.