Fuat Kabakçı
26 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
ПЕКИНГ (АА) - Кина го лансираше сателитот од серијата „Cuhay-1“ за далечинско сондирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена од страна на кинеската Новинска агенција „Синхуа“, сателитот е лансиран во орбитата со помош на ракета за лансирање „Long March-11“ од космодромот Ѓуќуен во северозападниот дел на Кина.
Во веста се наведува дека сателитот за комерцијални цели за далечинско сондирање од серијата „Cuhay-1“, е развиен од страна на компанијата „Џухај“ за орбитална воздухопловна наука и технологија.
Овој сателит ќе обезбедува податоци на полето на земјоделството, земјиштето, транспортот, изворите на вода и заштитата на животната средина.
Во веста се истакнува дека ова е 272. мисија на ракетата за лансирање „Long March-11“.