Övünç Kutlu
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот технолошки гигант „Apple“ (Епл) во извешајот за приходите објавен вчера забележа дека продажбата на iPhone (Ајфон) во вториот квартал од годината не се одвива според очекувањата, јавува Anadolu Agency (AA).
Вкупната продажба на моделите на iPhone во текот на периодот од јануари до март опадна за 32 отсто односно од 77,2 милиони единици во минатогодишниот период од октомври до декември се намали на 52,2 милиони единици.
„Apple“ на 22 септември минатата година ги претстави моделите iPhone 8 и iPhone 8 Plus, а на 3 ноември го претстави својот најскап паметен телефон, iPhone X.
И покрај почетната цена од 1.000 долари за iPhone X, приходите од вкупната продажба на iPhone паднаа за 38 отсто, односно од 61,6 милијарди долари опадна на 38 милијарди долари во текот на овој период.
Тајванската Компанија за производство на полупроводници, која е главен снабдувач на iPhone, на 19 април објави дека побарувачката за чип-сетови на паметните телефони е намалена.
На 19 и 20 април, „Apple“ забележа пад од 6,8 отсто на акциите на њујоршката берза.
Но, акциите на „Apple“ се зголемија за 4,3 отсто вчера по затворањето на берзата поради зголемувањето на нето-приходот и приходите во текот на годината.
Во текот на периодот јануари - март оваа година, „Apple“ забележа нето-приход од 15,5 отсто на годишно ниво, односно приход од 61,1 милијарда долари, додека приходите се зголемија за 25,5 отсто на 13,8 милијарди долари.