Fuat Kabakçı
10 Јуни 2017•Ажурирај: 11 Јуни 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во Кина се уапсени најмалку 22 вработени во компанијата Apple, за кои е утврдено дека краделе и продавале приватни податоци на корисниците, пренесува i Anadolu Agency (AA).
"ChinaDaily" јавува дека безбедносните сили во четири кинески покраини откриле како уапсените лица краделе и продавале приватни податоци и телефонски броеви на корисниците на уредите на Apple.
Истрагата за овие нелегални работи траеше неколку месеци, а уапсените лица илегално стекнале профит од 50 милиони јуани (7,3 милиони долари).
Приватните информации на корисниците можат да се користат за изнудување или откуп. За ова кривично дело во Кина им се заканува казна затвор и до седум години.