Ahmed Abdelsalam Ahmed Nassr,Afra Aksoy
12 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
АБУ ДАБИ (АА) – При изведување рутински лет се сруши воен хеликоптер во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) при што загинаа пилотот и копилотот на хеликоптерот, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што наведува ВАМ, државната новинска агенција на ОАЕ, според информациите од Генералната команда на вооружените сили на ОАЕ, воениот хеликоптер за време на својот рутински лет се срушил во меѓународни води.
Во соопштението се наведува дека пилотот и копилотот на хеликоптерот се загинати.
Не се изнесени информации околу типот на паднатиот воен хелихоптер и точното место на паѓање.
На 15-ти мај при лет за обука, се сруши и еден воен авион во ОАЕ, при што животот го загубија пилотот и инструкторот.