Hakan Çopur
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп и принцот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед бин Султан Ал-Нахјан телефонски разговараа за можните решенија за кризата во Заливот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Трамп и принцот укажале на важноста на соработката меѓу американските сојузници во регионот и прекин на финансирање на терористичките групи.
Исто така, укажано е дека сите земји треба да вложат повеќе напори за тероризмот да биде победен.
Трамп минатиот викенд разговараше за кризата во Заливот и со кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз и катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани.