Zeynep Tüfekçi
13 Септември 2017•Ажурирај: 13 Септември 2017
КАИРО (АА) - Генералниот секретар на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, изјави дека е потребно време за решавање на кризата во Заливот, но дека тој проблем ќе има крај, јавува Anadolu Agency (AA).
Абул Геит на 148. состанок со министрите за надворешни работи на Арапската лига, кој се одржува во Каиро, се сретна со министерот за надворешни работи на Џибути, Махмуд Али Јусуф.
На конференцијата по средбата Абул Геит изјави дека на состанокот на министрите за надворешни работи на Арапската лига се дискутирало, меѓу другото, и за референдумот за независност на Регионалната курдска управа во северен Ирак планиран за 25 септември, за прашањето на Палестина и истакна дека се донесени важни одлуки.
Абул Геит истакна дека ја поддржуваат територијалната целовитост на Ирак.
Тој, исто така, се осврна на кризата меѓу Катар и одредени арапски земји и нагласи дека е потребно време за решавање на овој проблем, но дека тој ќе биде решен.
Јусуф на состанокот истакна дека се донесени одредени одлуки кои се однесуваат на почитување на територијалниот интегритет на Либија, но и нагласи дека кризата во Сирија може да се реши само по политички пат.