Dzihat Aliju
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје се одржа првиот состанок на бордот на директори на Платформата за инклузија во Макеоднија кој е дел од Светската платформа за инклузија, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународниот балкански универзитет (IBU) во Скопје е домаќин на програмата на која свое учество земаа амбасадорот на Турција во Македонија, Омур Шолендил, координаторот на ТИКА во Македонија, Теоман Тирјаки, Ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Исмаил Коџајусуфоглу, генералниот координатор на Светската платформата за инклузија, Хасан Фејзи Гирај, претставници на турските организации во Македонија и локални организации.
На состанокот се обрати амабасадорото на Турција Шолендил истакнувајќи дека бил возбуден кога го информирале за проектот и додаде: „Тоа е исклучително важна активност и процес за поврзување, без никаква дискриминација, образовен и интегративен дијалог кој е крајно чевечки за да се зајакне братството и љубовта меѓу луѓето“.
Генералниот координатор на Платформата за инклузија, Гирај за платформата истакна дека е институција која има за цел заедно со лицата со посебни да ја промовира животната култура и дека Босна и Херцеговина и Македонија се земји кои се избрани за тестирање на платформата.
Гирај потсети на отворањето пред 15 дена во Босна и Херцеговина и додаде: „Ќе има орворање и во Македонија. Првично ќе биде потребно да се направи тримесечен ационен план и подоцна во месец септември, до колку е судбина, ќе биде отворена платформата за инклузија на Македонија.“
Координаторот на ТИКА во Македонија, Тирјаки, истакна дека како институција која учествува во голем број на проекти и акции за развој на Македонија, вложувањето во луѓето за нив имаат посебна важност.
Од друга страна ректорот на Меѓународниот балкански универзитет, Коџајусуфоглу истакна дека му причинува особено задоволство што е домаќин на проект кој ќе вклучи секого.