Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Mehmet Nuri Uçar
01 Декември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
КАИРО (АА) - Поранешниот египетски премиер Ахмед Шафик, кој од 2012 година живее во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), наводно по Франција ќе допатува во Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Властите на ОАЕ воведоа забрана за патување на Ахмед Шафик, поранешниот египетски премиер, откако тој соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година во Египет.
Шафик, претседател на Египетското патриотско движење, од 2012 година се наоѓа во ОАЕ.
Неговиот адвокат Дина Адли Хусеин за АА изјави дека во наредните неколку денови, по посетата во Париз, Шафик ќе отпатува во Египет.
Според неговите зборови, Шафик во Париз ќе се состане со египетските државјани. Сето тоа, вели Хусеин, би можело да се случува во два-три дена.
Шафик, кој е челник на Египетското патриотско движење, беше последен премиер за време на владеењето на соборениот египетски лидер Хосни Мубарак. Од 2012 година тој се наоѓа во ОАЕ.
На претседателските избори во Египет, одржани во јуни 2012 година, Шафик освои 48,27 отсто од гласовите, а неговиот противкандидат и победник на изборите, Мухамед Морси, 51,73 отсто.