Mustafa M. M. Haboush,Çağrı Koşak
15 Јануари 2020•Ажурирај: 16 Јануари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) – Претседателот на Државниот висок совет на Либија, Халид ел Мишри, соопшти дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) се пречка за прекинот на огнот во Либија, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата одржана во главниот град Триполи, тој ги оцени преговорите меѓу Претседателскиот совет на Владата за национално единство (UMH) и Калифа Хафтар, лидерот на нелегалните вооружени сили на истокот на земјата.
„На разговорите за прекин на огнот на страната на Хафтар имаше претставници од заливските земји. Еден од нив е и вршителот на должноста амбасадор на Обединетите Арапски Емирати во Москва, тој е една од причините поради кои не можеше да се склучи договорот за прекин на огнот во Либија“, рече Мишри.
Мишри исто така истакна: „Предлогот за прекин на огнот на Русија беше подготвен на таков начин што агресорот [силите на Хафтар] ќе го прифатеше.“
- Криза во либиските разговори во Москва
Договорот за прекин на огнот со заедничка иницијатива на Турција и Русија беше потпишан од легитимната Влада за национално единство (UMH), во присуство на Обединетите нации во Москва.
Страната на лидерот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, Калифа Хафтар, побара еден ден за да го разгледа и да се консултира за договорот.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Хафтар ја напуштил Москва без да го потпише договорот.
Сѐ уште нема официјални информации за тоа дали Хафтар е пристигнат во Либија. Се тврди дека тој е отиден во Египет или во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), кои го поддржуваат воено, политички и финансиски.