Турција

АА упати апел до властите во Египет за ослободување на нејзините вработени

„АА нагласува дека нејзината екипа во Каиро ги поседува карактеристиките на објективност и професионализам и не извршила некое прекршување во работата“, се вели во соопштението

Gülşen Topçu  | 16.01.2020 - Обновена : 16.01.2020
АА упати апел до властите во Египет за ослободување на нејзините вработени

ИСТАНБУЛ (АА) - Агенција Анадолија (АА) побара од египетските власти веднаш да ги ослободат вработените на АА во Канцеларијата во Каиро, јавува Агенција Анадолија (АА).

Управата на АА објави писмено соопштение во врска со приведувањето на четворицата вработени на АА по упадот на египетската полиција во Канцеларијата на АА во Каиро.

„Како една од најмоќните новински агенции во светот, АА покажала професионално медиумско разбирање, а во текот на пренесувањето на настаните во Египет ги почитувала овие критериуми, внимавала на одразување на различни гледни точки и немала некоја негативна или измамничка тенденција“, се вели во ова соопшение.

Се наведува дека АА работи за зајакнување на пријателските односи меѓу египетскиот и турскиот народ, далеку од сите политички несогласувања.

„АА нагласува дека нејзината екипа во Каиро ги поседува карактеристиките на објективност и професионализам и не извршила некое прекршување во работата. АА бара од египетските власти итно ослободување на Хилми Балџи, Хусеин ел Кабани, Хусеин ел Абас и Абделселам Мухамед“, се додава во соопштението.

Египетската полиција во вечерните часови на 14 јануари изврши упад во Канцеларијата на АА во Каиро и потоа приведе четворица вработени, меѓу кои и еден државјанин на Турција, и ги одведе во непознат правец.

Полицијата при упадот во Канцеларијата на АА ги изгаснала безбедносните камери и ја прекинала интернет-врската. Безбедносните сили вршеле претрес во Канцеларијата до утринските часови, ги зеле пасошите на вработените, мобилните телефони и компјутерите и ги спречиле да контактираат.

Досега, египетските институции не објаснија зошто се приведени новинарите и каде се однесени, без оглед на барањата за одговор од адвокатите на АА и од турската Амбасада во Каиро.

Турското Министерство за надворешни работи повика на итно ослободување на персоналот на АА и го оцени упадот во Канцеларијата на АА како чин на насилство и индикатор за негативниот пристап на египетските власти кон демократијата и слободата на медиумите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın