Havva Kara Aydın
16 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Полицијата приведе поранешен војник во Турција поради неговата поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поранешниот генерал-полковник Метин Ијидил беше приведен во главниот град Анкара, откако локалниот суд издаде потерница по барањето на обвинителите.
Претходно, Ијидил, поранешен командант на Одделот за обука и доктрина на копнените сили (EDOK), беше осуден на отежната доживотна казна затвор поради обвинение дека се обидувал да го собори уставниот поредок на Турција со насилство, како дел од обидот за државен удар, зад кој стои терористичката организација ФЕТО.
Сепак, тој подоцна беше ослободен откако локалниот суд ја повлече претходно судската наредба по жалба на Ијидил.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на своите припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.