Турција

Турција очекува милион електрични автомобили на патиштата до 2030 година

Министерот Донмез најостро го осуди упадот на египетската полиција во Канцеларијата на Агенција Анадолија во Каиро и приведувањето на вработените во оваа новинска агенција

Ebru Şengül Cevrioğlu  | 16.01.2020 - Обновена : 17.01.2020
Турција очекува милион електрични автомобили на патиштата до 2030 година

АНКАРА (AA) - Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Фатих Донмез, изјави дека очекува на турските патишта до 2030 година да има преку милион електрични возила, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Се надеваме исто така дека до 2020 или 2023 година на патиштата ќе го видиме и сопствениот автохтон автомобил“, рече Донмез, кој утрово беше гостин на уредничкиот деск на Агенција Анадолија во Анкара.

Откако Турција кон крајот на декември минатата година го претстави прототипот на првиот електричен автомобил од домашно производство, Донмез истакна дека Министерството за енергетика во наредниот период планира да го процени влијанието од милион полначи на мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

На проектот за развој на првиот турски автомобил работи Иницијативна група за производство на турскиот автомобил (TOGG), која настана во јуни 2018 година со здружување на ресурсите на турските компании „Anadolu Grubu“, „BMC“, „Kok Grubu“, „Turkcell“, Унијата на турските берзи и стопанските комори и „Зорлу Грубу“.

Првиот модел на турскиот автомобил ќе биде од категоријата SUV-возила на електричен погон. Планот е до 2030 година да биде започнато производство на пет модели на турските автомобили и тоа по три различни верзии за секој модел. Годишно е планирано производство на 175 илјади примероци.

Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (TOGG) моментално соработува со Министерството за енергетика и природни ресурси на утврдување локација за поставување брзи полначи во земјата.

„Овие полначи би требало да можат да го наполнат автомобилот за некои 15-25 минути, зависно од капацитетот и карактеристиките на акумулаторот, што значи дека мрежата мора да има капацитет од 50-100 киловат часови“, изјави Донмез.

На крајот уште додаде дека брзите полначи би требало да бидат направени не само во големите турски градови, туку и во помалите градови во кои исто така постои интерес за електрични возила.

Исто така, Донмез најостро го осуди упадот на египетската полиција во Канцеларијата на Агенција Анадолија во Каиро и приведувањето на вработените во оваа новинска агенција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın