Турција

Ердоган: „Турција се стреми да достигне нов пораст во 2020 година“

„Со зајакнување на нашето производство, извоз, стапка на вработување и заштита на нашите права на меѓународниот фронт, особено во Медитеранскиот Регион, ние ги отвораме нашите врати за нов период во пораст“, изјави Ердоган

Gözde Bayar  | 16.01.2020 - Обновена : 17.01.2020
Ердоган: „Турција се стреми да достигне нов пораст во 2020 година“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција во 2020 година се стреми да достигне нов пораст штитејќи ги своите права, особено во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Со зајакнување на нашето производство, извоз, стапка на вработување и заштита на нашите права на меѓународниот фронт, особено во Медитеранскиот Регион, ние ги отвораме нашите врати за нов период во пораст“, изјави Ердоган на Годишниот состанок за проценка за 2019 година во Националниот конгрес и центар за култура „Бештепе“ во Анкара.

Ердоган нагласи дека Турција оваа година ќе ги демонстрира своите историски достигнувања за својата слобода и иднина без оглед на околностите.

Истакнувајќи дека нападите врз Турција се зголемиле во текот на изминатите години, тој изјави дека Турција ќе продолжи да ги фрустрира оние што очекувале да се предаде во 2019 година.

- Мегапроекти -

Тој додаде дека Турција во својот акционен план за 2019 година завршила 1.161 од 1.451 проект.

Нагласувајќи ги мегапроектите во Истанбул, Ердоган исто така се осврна и на новиот завршен мегапроект, аеродромот „Истанбул“.

Турскиот претседател рече дека се во план во јуни да ја отворат втората фаза од првата етапа на аеродромот.

Аеродромот „Истанбул“, чиј прв дел беше официјално отворен во октомври 2018 година, го презеде воздушниот сообраќај од поранешниот главен аеродром „Ататурк“ на 6 април.

Аеродромот е проектиран да опслужува 200 милиони патници на годишно ниво, со целосен капацитет по завршувањето на сите четири етапи со шест писти до 2028 година.

Осврнувајќи се на поморскиот сообраќај во Босфорскиот Теснец во Истанбул, Ердоган ја истакна важноста за изградбата на нов канал.

„Не е воможно да се спречи поморскиот сообраќај во Босфорот правно, економски и социјално. Единствено решение е да се изгради алтернативен канал“, додаде тој.

Планираниот канал од 45 километри, што ќе се гради западно од центарот на градот на европската страна од Истанбул, има за цел да го зајакне капацитетот на поморскиот сообраќај во градот.

Мегапроектот, чија цел е да ги спречи ризиците предизвикани од бродовите што носат опасни пратки преку Босфорскиот Теснец, беше одобрен од Министерството за животна средина и урбанизација на земјата.

- Туризам -

Пофалувајќи го бројот на туристи што ја посетиле Турција во 2019 година, Ердоган рече дека Турција има за цел да го зголеми здравствениот туризам.

Ердоган рече дека бројот на туристи кои доаѓаат за здравствени услуги достигнал 470.000 до крајот на ноември 2019 година.

Во врска со антитерористичките операции на земјата, Ердоган рече дека Турција неутрализирала вкупно 1.250 терористи на терористичката организација ЈПГ/ПКК и спречила десетици терористички активности.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.