Emel Öz Gözellik
07 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
МЕКСИКО (АА) - Во Мексико се урна воен хеликоптер, а во несреќата животот го загубија 7 војници, додека еден војник е ранет, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Мексико соошти дека во северниот дел на земјата, во сојузната држава Дуранго се урна еден воен хелиоптер од типот Bell 412 за времена обука за летање.
Во соопштението се истакнува дека во несреќата животот го загубиле 7 војници, а еден војник е тешко повреден.