Emel Öz Gözellik
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
СЕУЛ (АА) – Пронајдени се телата на тројцата војници кои загинаа при пад на хеликоптер во Јужна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавата на јужнокорејската воена морнарица, за време на заедничка вежба на Јужна Кореја и САД, на 52 км од Јангјанг се срушил хеликоптер во морските води, по што е извршена операција за пребарување, и пронајдени се телата на тројца војници.
Причината за несреќата сѐ уште не е позната.
Властите изјавија дека 8 минути по полетувањето на хеликоптерот од типот „Линкс“ од воениот брод Аегис, било испратено предупредување, по што хеликоптерот се изгубил од радарот.
Се дознава дека по несреќата, другите 20 хеликоптери од овој тип што се употребуваат за оваа вежба, се повлечени од областа.