Tuğrul Çam
28 Септември 2016•Ажурирај: 28 Септември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Откако во 1961 година ги замрзна дипломатските односи со Куба, американската администрација по 55 години одлучи да именува амбасадор, јавува Аnadolu Agency (AA).
Претседателот Барак Обама одлучи како амбасадор во Хавана да го именува досегашниот вршител на должноста во американската амбасада на Куба, Џефри де Лаурентис.
По одлуката од 2014 година за нормализирање на односите меѓу САД и Куба, и во овој контекст по меѓусебното отворање на амбасадите, Де Лаурентис ја вршеше должноста како вршител во американската амбасада во Хавана.
Де Лаурентис кој е дипломат од кариера на Стејт департментот на САД, претходно бил во постојаната мисија на САД во ОН, во амбасадата во Богота и на различни позиции во седиштето на Министерството во Вашингтон.
Во рамките на нормализацијата на односите, двете земји одлучиле да ги отворат амбасадите и повторно да започнат директни комерцијални летови. Американската администрација попушти во некои економски и трговски ограничувања против Куба. Со посетата на претседателот Обама на Куба, тој стана првиот претседател на САД што ја посетил Куба по 1928 година.