Amina Zorniç
28 Септември 2016•Ажурирај: 29 Септември 2016
ТАЈПЕЈ (АА) - Четири лица загинаа, а 524 се повредени во тајфунот Меги кој вчера го погоди североисточниот брег на Тајван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на тамошните медиуми, поради тајфунот без струја останале повеќе од 2,7 милиони станбени објекти. Во североисточниот дел од земјата денес се затворени сите училишта и установи поради ветриштата со јачина од 230 километри на час.
Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови, а Центарот за итни интервенции наведува дека од средишниот дел на земјата, подрачјето склоно на катастрофи, евакуирани се над 8.000 лица.
Тајфунот Меги дојде во допир со копното кај источниот град Хуалиен вчера во попладневните часови, донесувајќи со себе ветар со брзина од 100 километри на час и обилни врнежи од дожд.
Станува збор за трет најсилен тајфун што оваа година го зафати Тајван.
Претходно овој месец, во налетот на тајфунот Мерати во Тајван и во Кина загинаа 20 лица, додека 15 се водат како исчезнати.